Сообраќајна несреќа со тешки повреди на крстосницата кај градска болница
Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Н.(18) од Скопје, и патничко возило „бмв“ со чешки национални ознаки, управувано од Т.К.(24) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ С.Ј.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото „фолксваген голф“ А.Ф.(20) и М.Р.(19), двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа