Дечињата од „Гоце Делчев“ добија божиќни подароци
Дечињата од социјално загрозени семејства кои престојуваат и учат во Интернатот „Гоце Делчев“ во село Љубанци, денеска добија божиќна донација.
Донацијата, која се состои во јоргани, перници и друга постелнина е на компаниите Coincasa и @Home.
Директорката на Интернатот „Гоце Делчев“, Силвана Терзиева изјави дека за интернатот е добредојдена секаква помош, во каква било форма, но, додаде таа, уште поубаво е кога за ваков голем празник каков што е Божик, децата имаат можност да ја доживеат и почувствуваат празничната убавина.
Од компаниите истакнаа дека откако ги воочиле условите и потребата на децата приоритетот во нивните хуманитарни активности, во рамки на активностите за општестевна одговорност, бил Интернатот. Од Техномаркет за оваа година најавуваат и кампањи и нови проекти кои ќе бидат наменети за децата згрижени во Интернатот „Гоце Делчев“ за да им овозможат секојдневието, учењето и престојот да им бидат попријатни и поудобни.
Во моментов во Интернатот се згрижени 15 деца на возраст од 6 до 16 години, кои потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа