Божиќна “премија“ за кумановски арамија - за неколку минути се збогатил за 5.000 евра
Засега непознат крадец вчера ја ограбил куќата на 22 годишниот кумановчанец Ф.Б.
Од полицијата информираат дека кражбата се случила вчера, меѓу 15 и 20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.
Крадецот насилно отворил еден од прозорите, влегол внатре и одзел 2.500 евра, златен накит (бурма, прстени, нараквица, ланче) и еден лап-топ „Ацер“, збогатувајќи се за 314.000 денари.
Полицијата трага по сторителот.
07.01.2014 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа