Прво ги навредувале, потоа ги истепале - скопјани нападнале полициски службеници

Утрово во 1 часот и 30 минути на улицата „Кемал Сејфула“, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, неколку полицајци биле нападнати и навредувани од страна на група насилници.

Полициските  службеници кои во моментот биле на должност биле престретнати од автомобил марка  „форд фиеста“ во кој имало четири непознати лица. Тие веднаш почнале да ги навредуваат полицајците, а потоа две од лицата физички нападнале еден од полицајците.

Приведени се 41-годишниот Н.А., 46-годишниот Б.А., 40-годишниот Н.О. и 45-годишниот Д.И. од Скопје, а при извршен преглед во возилот пронајден е и пиштол. 

најчитано сега