Истражување: Оваа година ќе биде подобра од минатата - Македонците оптимисти за 2014

 

Една третина од македонските граѓани или 37 отсто очекуваат оваа година да биде подобра од минатата. 26 процент од граѓаните сметаа дека оваа година за разлика од минатата ќе биде полоша, додека 31 процент сметаат дека ќе биде иста.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Брима“ членка на „Брима Галуп Интернешенл“ во рамки на глобалната студија насловена „Крајот на годината“  со која беа опфатени 65 земји, вклучувајќи ја и Македонија, во која се интервјуирани 67.806 лица во периодот септември – декември 2013 година. 50 проценти од испитаниците се оптимистички настроени за 2014 година споредено со 2013 и имаат попозитивен поглед во однос на економскиот просперитет.

Во врска со економскиот напредок за 2014 година очекувањата на граѓаните се скоро подеднакво распределени. На глобално ниво 33 отсто се изјаснуваат дека ситуацијата ќе остане иста, 32 отсто веруваат дека годинава ќе биде просперитетна, а 30 отсто, пак, дека ќе биде година на економски проблеми. Во Македонија 26 отсто од испитаниците сметаат дека годинава ќе биде година на економски просперитет, 33 отсто дека ќе биде со економски потешкотии, а 34 проценти се изјасниле дека ситуацијата ќе остане непроменета.

Според истражувањето, на светско ниво, 38 проценти од граѓаните се изјасниле дека се среќни што живеат таму каде што се во моментот. Најголем дел, односно 24 проценти од испитаниците во светот САД ги прогласија за земја што претставува најголема закана за мирот во светот денес. По нив следат Пакистан (8 проценти) и Кина (6 проценти). Во Македонија 30 проценти од граѓаните сметаат дека САД претставуваат најголема закана за светскиот мир.

03.01.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега