Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот
Израел го менува „лицето на светот“ со својата војна против Иран, но „секоја помош е добредојдена“ за да се победи нуклеарната програма на Иран, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот, изјави Нетанјаху за израелската јавна телевизија КАН 11.
Иако тврди дека Израел има способност да ги нападне сите нуклеарни објекти на Иран, Нетанјаху рече дека секоја помош за нивно уништување би била добредојдена.
Израелскиот премиер рече дека во нападите се уништени „повеќе од половина“ од иранските ракетни лансери откако започна војната против Иран на 13 јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа