Колку промили алкохол во крвта имал најпијаниот возач запрен од македонската полиција?

 

Во една сообраќајна несреќа која се случила пред неколку години во Македонија, бил измерен највисок процент на алкохол во крвта кај еден од учесниците. Вечер, јавува дека кај впзачот биле измерени 3,84 г/кг промили алкохол во крвта.

Од Министерството за внатрешни работи за Вечер велат дека во моментот го имаат отворено Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во насока на негово ревидирање и подобрување на одредбите во него со цел усогласување со европската легислатива и единствена цел, подобрување на безбедносната состојба на сообраќајот на патиштата. 

Според комесарот за Сообраќајна полиција, Трајче Ѓорѓиев, здравствените работници во некои земји, а тоа веројатно ќе биде случај и кај нас, препорачуваат дозволеното ниво на алкохол во крвта кај возач да не биде под 0,25 промили, затоа што постојат лекарства кои возачите ги пијат, а покажуваат ниво на алкохол иако во конкретен случај не бил консумиран алкохол.

Повеќе прочитајте во Вечер.

03.01.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега