Измените и дополнувањата на медиумските закони на 16 јануари пред пратениците

 

 

За неколку денови, на 16 јануари, пратениците ќе ја утврдуваат потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, двата во скратена постапка. 

Владата на 30 декември ги прифатила измените и дополнувањата на законите и на 31 декември ги доставила до Собранието. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски најави дека ќе се интервенира во законите веднаш откако тие ќе бидат донесени од Собранието.

Со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓудругото, се предвидува, двете здруженија на новинари од Република Македонија со најголем број членови предлагаат по еден член на Советот, a во членот 48 се додава нов став кој гласи: Посебните забрани од ставот 1 не овој член треба да бидат во согласност со практиката на Европскиот суд за човекови права.

03.01.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега