Хуманитарна акција: Пакети храна за 30 социјално загрозени семејства
Лајонс клубот „Св. Пантелејмон“ од Скопје денеска ќе израдува 30 социјално загрозени семејства. Се организира хуманитарна акција во која ќе бидат доделени пакети на 30 социјално загрозени семејства.
- Оваа година даден им е приоритет на семејствата кои имаат деца со телесен и ментален недостаток. Пакетите содржат месни, млечни и слатки производи, брашно и други прехранбени артикли донирани од МИК Св. Николе, Фитко, Еуромилк, Европа и Глобус, соопшти Лајонс клубот „Св. Пантелејмон“.
03.01.2014 - 09:18
Фото:
Струмицаденес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа