„Падна“ познат скопски разбојник - прерано ја извадил фантомката од глава

 

 

Уапсен е познат скопски криминалец кој во последниве месец дена извршил две разбојништва во клубот за игри на среќа Мастер Бет во скопско Влае. Како што дознава Press24 станува збор за 34 годишниот Александар Ангелов викан Гринго кој во двете разбојништва успеал да собере скоро 8.000 евра.
Според информациите, тој маскиран со фантомка и со пиштол во рацете, влегувал во казиното и од вработените барал да му ги дадат парите. 
Полицијата го привела откако во вториот грабеж, направил грешка и прерано ја извадил фантомката и ја ставил во џеб, при што го виделе случајни минувачи кои во тоа време, се движеле со својот автомобил. Тие веднаш го препознале, а полицијата го привела. 
Името на Ангелов и е добро познато на полицијата. Во неговото дебело полициско досие стојат 22 кривични пријави од кои 17 се однесуваат на дела кои се проследени со насилство.

 

 

најчитано сега