Министерот Димовски денеска во Брисел
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ќе учествува и ќе има свое обраќање на Третото издание на Европскиот совет на млади земјоделци и тркалезна маса на МЕП - „Младите фармери обезбедуваат одржлив развој за иднината на Европа“ кој ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел.
Посетата, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализира на покана од Милан Звер, член на Европскиот парламент и ЦЕЈА (Европски совет на млади земјоделци).
Настанот има за цел да овозможи отворена дискусија на прашањето за обновување на генерациите во европското земјоделство, во рамките на процесот на реформи на САР (Common Agricultural policy), односно заедничката земјоделска политика, каде што се ангажирани членовите на Европскиот парламент, членовите на земјите-членки, оние личности кои донесуваат одлуки и млади земјоделци од Унијата, во време кое е битно за процесот на реформи во САР.
ФОТО: Дневник