Украина е подготвена за најбрзи можни чекори кон мир, порача Зеленски по разговор со Трамп
Украина е подготвена да преземе најбрзи можни чекори за да донесе вистински мир – порача украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп заедно со дел од европските претставници со кои денеска учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.
Неговата изјава е во контекст на денешните први директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 година на кои не беше постигнат никаков напредок во поглед на ставање крај на војната.
„Ако Русите отфрлат целосен и безусловен прекин на огнот и крај на убиствата, мора да следат строги санкции. Притисокот врз Русија мора да се одржува сè додека не е подготвена да ја заврши војната. Украина е подготвена да преземе најбрзи можни чекори за да донесе вистински мир и важно е светот да заземе цврст став“, порача Зеленски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа