Стопанска комора: Извозот меѓу приоритетите за економски раст
Реализација на капиталните инвестиции, вложувања во енергетиката, инфраструктурата, зголемување на извозот, освојување нови, алтернативни пазари и соработка со земјите од Кавкаскиот регион, Блискиот Исток, Заливот и Магреб, се само дел од сугестиите на бизнис секторот за раст на економијата во 2014 година.
Стопанската комора вели дека окрупнувањето на македонската економија и здружувањето на компаниите во поголеми кластери е најважно за поддршка на извозот, бидејќи, мали, фирмите не можат да направат значаен пробив на пазарот. Настапот на алтернативни, поголеми, далечни пазари, бара обем на понудена количина на што домашните компании не се секогаш подготвени.
Комора нагласува дека за поттикнување и раст на извозот, конкретни мерки и активности треба да преземат сите засегнати, компаниите, коморите и државата, а една од мерките е македонската економија навреме да се наметне со конкурентни, квалитетни производи и на европските пазари каде реализираме над 90 отсто од пласманот. Но, притоа, мора да се земе предвид и да се надмине проблемот со високата концентрација на извозот само во неколку земји.
- Скоро половина од извозот во ЕУ е насочен кон четири земји, Германија, Грција, Италија и Бугарија, додека 90 проценти од извозот во земјите на ЦЕФТА, отпаѓа на Србија, Косово и Хрватска. Тоа може да има негативни последици по неговиот натамошен раст, имајќи ги предвид проекциите на ММФ за економските активности на глобално ниво и одделно по региони за 2014 година, укажуваат од Комората.
Според компаниите членки на Сојузот, градежниот сектор останува двигател на растот и во 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа