СДСМ: Таравари го напушти Мицкоски, на крај ќе остане сам

 

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Во неколку месеци Мицкоски успеа да искомбинира катастрофални економски резултати, со бесцелни патувања во странство иако државата е комплетно изолирана дури и од нашите НАТО и ЕУ партнери со кои имавме децениска одлична соработка. На сето ова треба да се додадат и гоштевањата со народни пари, милиони потрошени за бејби-биф, папаја, манго, октоподи, додека власта се противи на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, а синдикалната кошничка и трошоците за живот се зголемуваат секој месец. Им нема крај ниту на скандалите во општините со кои „скандинавски“ раководат градоначалниците на Мицкоски, на кои приоритет им е единствено местење на тендери, а граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат во хаос. Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта. За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски. На крајот, Мицкоски ќе остане осамен и опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци. Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ, велат тие.

13.05.2025 - 09:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега