УХМР со лоши вести за новата работна недела

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.

12.05.2025 - 07:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега