(ВИДЕО) Крадец снимен како го ограбува манастирот „Успение на Пресвета Богородица”
Непознато лице го ограбило манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обрштани, Кривогашатани. На снимката од безбедносните камери се гледа машко лице со маска на главата како краде пари од манастирот.
„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој што ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, повикаа од манастирот.
24.04.2025 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа