Се предаде полицаецот кој се бараше за пожарот во Кочани - изведен е пред судија
Полицаецот по кој се трагаше во врска со истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрово се пријавил во полициска станица, потврдуваат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, пренесе 4news.
Веднаш по неговото појавување, бил спроведен пред надлежен судија на претходна постапка, каде ќе му биде одредена понатамошната мерка согласно барањето на Обвинителството.
17.04.2025 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа