Трамп ќе им дава пари и билети на мигрантите за да ја напуштат Америка
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да воведе нова програма која ќе им нуди на имигрантите пари за доброволно да си заминат од САД.
Трамп изјави дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна.
„Ќе им дадеме малку пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив. Ако се добри, ако ги сакаме назад, ние ќе работиме со нив за да ги вратиме што е можно поскоро“, рече Трамп во интервју за „Fox News“.
Трамп ветил дека ќе депортира рекорден број нелегални имигранти од САД, а неговата администрација бара од мигрантите да ја сигнализираат својата намера да заминат користејќи ја апликацијата за царинска и гранична заштита на САД под називот ЦБП Хоум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа