Патувате во Грција? - Внимавајте, за овој прекршок ќе платите 1.500 евра

 

Ако планирате за продолжените викенди кои се пред нас или за летниот одмор да патувате во Грција, треба да ги знаете нивните правила и за што се може да добиете висока казна.

Така, за возење под дејство на алкохол ќе платите до 1.200 евра. Брзината до 20 км/ч во населено место е 100 евра. Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија чини 700 евра.

Неносење појас ќе ве чини 350 евра, додека за непрописно паркирање, казната е од 40 до 80 евра.

Користење на мобилен телефон додека возите чини 100 евра.

Доколку пушите во возилото, а имате дете помало од 12 години, ќе платите 1.500 евра и одземање возачка.

- Грците не можат да ја испратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа се уште е во системот и нема да ви биде простено, па оттаму ќе треба да ја платите. Дополнително, постои регистар на сообраќајни прекршоци во ЕУ, а голема е веројатноста дека казната ќе биде наплатена веднаш штом ќе влезете во земја од ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ, пишува на „nikana.gr“.

 

 

 

11.04.2025 - 08:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега