Пајазити останува судија откако Блерим Рамадани избега - Казнет само со 30% помала плата
Со конечната одлука на Судскиот Совет, Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од УЧК од ефективен во домашен притвор, по што тој избега. Ккао што пишува Алфа, на седница затворена за јавноста, Пајазит добил само казна шест месеци да зема плата помала за 30 проценти.
Одлуката за Пајазити е донесена осум месеци откако Рамадани избега.
Рамадани на 18 јули 2024 година се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и да биде суден, па му бил определен притвор, а на 22 јули поднел жалба преку својот адвокат, наведувајќи дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Судијата прифатил и одредил куќен притвор за Рамадани, кој потоа избега.
-Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР кога Рамадани избега.
Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.
Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа