Груевски: Подготвени сме за ЕУ и НАТО кога ќе не прифатат такви какви што сме
Подготвени сме да се придружиме на ЕУ и на НАТО тогаш кога и тие ќе бидат подготвени да не прифатат такви какви што сме, и тоа што сме.
Oва го вели премиерот Никола Груевски во годишното обраќање, говорејќи за надворешната политика на Република Македонија.
- Ние нема да застанеме, ние ќе работиме, ние ќе се однесуваме европски, и ние сме и ќе останеме спремни за да и се придружиме на ЕУ и на НАТО тогаш кога и тие ќе бидат спремни да не прифатат тие што сме, и тоа што сме, вели премиерот.
Груевски потсетува дека на надворешен план, Македонија се соочи со многу предизвици.
- Го добивме петтиот по ред позитивен извештај од Европската унија, кој ни ја овозможи и петтата по ред препорака за почеток на преговорите за полноправно членство. Сепак, и овој пат на Македонија не и беше дадено заслуженото од причина што ЕС неможе да обезбеди консензус од сите земји членки, за што главна причина е барањето за промена на уставното име на земјата, и името на македонскиот јазик и нација, од една земја членка, која своето членство го користи и недозволува придвижување на Македонија ниту во НАТО ниту во ЕУ, вели Груевски.
Имајќи во обзир, додава Груевски, дека нашиот јужен сосед се соочува и со тешка финаска криза, која може да го доведе во прашање и кредибилитетот на еврото како заедничка валута на поголемиот дел од земјите членки, напорите на сите поважни земји членки во моментот се фокусирани на тоа прашање. Според Груевски, повеќе од очигледно е дека барем засега немаат намера да вршат притисок на ГРција по било кое друго прашање освен финасиските, а без таков притисок, вели тој, шансите за решение се минорни, вели премиерот.
-Македонија ќе продолжи со сите напори за спроведување на своите внатрешни реформи кои ќе ја зголемуваат нашата сила и кредибилитет, и истовремено ќе продолжи со максимални обиди за изнаоѓање решение за спорот кој го наметна нашиот јужен сосед, но без нереални очекувања или паѓања во колективни депресии по прашањето што кажал овој или оној за нашето име, јазик или нација, или разните притисоци преку разни извештаи за Македонија или внатрешнополитички предизвици, кои треба да не деморализираат, вели Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа