Дури во 2014 ќе дознаеме што има во паштетите во Македонија
Агенцијата за храна по Нова Година ќе се фокусира на преработките од месо и меленото месо. Најавени се силни инспекциски надзори за саламите, колбасите, виршлите и за другите преработки од месо, пишува Нова Македонија.
Од Агенцијата за храна најавуваат и строги контроли и проверки на составот на паштетите, за да се утврди дали тоа што го пишува на декларацијата навистина е содржано во производот.
- По Нова година ќе посветиме повеќе внимание на преработките од месо. Ќе има построги контроли во однос на тоа дали се почитува правилникот - вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски, пренесува Нова Македонија.
-Во правилникот за месо и преработки од месо, меѓу другото, јасно е прецизирано што треба да содржи една паштета. Паштетите од живина се произведуваат од варено механички одвоено месо од различни видови живина - кожички, внатрешни органи од живина, маст или масно ткиво од живина, супа, дополнителни состојки и адитиви. Во својот состав може да имаат најмалку 15 отсто мелен црн дроб, месо од живина, месо од пиле или месо од мисирки можат да бидат ставени во промет како паштета од црн дроб, живинска паштета, пилешка паштета и мисиркина паштета. Паштетите од месо од живина и живинските паштети од црн дроб треба да содржат најмалку 8 отсто протеини од месо и дробови, да не содржат повеќе од 35 отсто маст, да имаат хомогена и конзистенција што може да се мачка, да се без поголеми шуплини во содржината, да имаат изедначена боја и да немаат големо количество маст на површината, пишува Нова Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа