Приведен Македонец баран од Интерпол

 

 

Албанската полиција на граничниот премин „Хан Хоти - Муриќан“ на албанско – црногорската граница, привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

- Лицето А.К.(50) жител на Северна Македонија, на излез од Република Албанија е приведен со цел екстрадиција. При контрола потврдено е дека е баран со меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако бил обвинет од правосудните органи на Северна Македонија за кривично дело „тешки кражби“, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение.

Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Северна Македонија.

Пред два на истиот премин беше приведен македонскиот државјанин Н.А.(51), исто така баран со меѓународна потерница, што според полицијата е резултат на интензивните проверки на Граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и за приведување граѓани барани со меѓународна потерница.

21.03.2025 - 10:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега