Нема Македонци меѓу жртвите во Русија
Нема македонски државјани меѓу жртвите во терористичките напади во Русија, објавува Канал 5.
Македонскиот амбасадор во Москва, Илија Исајловски за Канал 5 вели дека будно ја следат ситуацијата во Русија.ТОј се надева дека сторители ќе бидат откриени и санкционирани што поскоро.
Според Исајловски, последните терористички напади се изолирани инциденти и нема да влијаат на одржувањето на Зимските Олимписки игри, пренесува Канал 5.
30.12.2013 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа