Поставен висок крст во црквата „Св. Архангел Гаврил“

 

По неколку месеци собирање средства, конечно беше поставен светиот крсст во манастирот „Свети Архангел Гаврил“, кој се наоѓа во скопското село Зелениково.

Крстот висок 15 метри се издигна над македонското небо и во иднина ќе го штити скопскиот регион.

Манастирот „Свети Архангел Гаврил“ е составен од два црковни храма посветени на светецот. Поголемата црква е изградена во 1964/65 година, додека помалат ае изградена во 2003 година, а над влезот на двата свети објекти постојат фрески-мозаици на патрониот светец.

Црковната слава секоја година е на 26 јули при што манастирот го посетуваат голем број луѓе и верници од Зелениково и околината.

15.03.2025 - 13:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега