Хрватскиот премиерт имал итна операција
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил подложен на планиран медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово хрватската влада. Интервенцијата, која била изведена во Клиничкиот болнички центар Загреб, поминала успешно, а премиерот се чувствува добро.
„Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева аритмија. Интервенцијата беше планирана и изведена во најдобар ред“, соопшти владин портпарол.
Според неофицијални информации, премиерот треба да биде отпуштен од болница во рок од 24 часа. Локалните медиуми пренесуваат дека Пленковиќ бил буден и стабилен кратко по интервенцијата, која започнала околу 19 часот и завршила два и пол часа подоцна.
Тој беше активен и во текот на денот пред операцијата – присуствуваше на свеченоста за завршување на изградбата на гасоводот Злобин-Босилјево. Според лекарите, срцевата аритмија со која се соочува не е опасна, но била потребна интервенција за да се спречат потенцијални компликации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа