Новогодишна честитка од Регулаторна - од ноќеска поскап бензин

 

Новогодишна честитка со поскап бензин од Регулаторната комисија за енергетика. Од ноќеска, бензините поскапуваат зап оловина денар, цената на дизелот останува непроменета.

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари за литар, додека  ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се точи за 80 днраи за литар.  Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува на непроменета односно 70,00 дененари за литар. Малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар изнесува 58,50 денари за литар . Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,525 ден и ќе се продава за 40,208 денари за килограм

 

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,4 %, односно за 0,2 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 16.12.2013 година. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 111,069 $/барел и е за 0,28 % повисока од просечната цена на сурова нафта (110,759 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 44,8112 ден/$ и е за 0,66 % понизок од курсот на доларот (45,1083 ден/$) по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,48 % или за 13,95 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,31 % или 2,875 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,63 % или за околу 3,76 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

30.12.2013 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега