Манев ги шокираше сите во судница: Ја грабнавме Вања по грешка

 

На денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинетиот Велибор Манев изјави дека Вања била грабната по грешка.

Тие се подготвувале да грабнат 40 годишна жена, а не девојчето Вања Ѓорчевска.

 -Вечерта Палчо не однесе до местото Оризови дупки, до место каде што имаше бетонирани соби. Мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена. Бидејќи беше рано легнавме да прилегнеме. На 24 ноември тргнавме да ја грабнеме жената. Малку закаснивме и се вративме. Неа ја лоцираше Палчо. По негово кажување, жената да ја бутнеме по скалите, во нискиот дел од зградата и таму да сме ја врзувале. Од еден од дуќаните од сутеренот излезе и жена па и вториот пат се одложи. Палевски кажуваше повеќе особи. Едниот го запамнтив, пензиониран директорот на градежна фирма. После тоа се одлучи за жена, ќерка на некој од фармацевските компании. И пред да се случи самото грабнување, десетина дена претходно, ја следел за да и ги види навиките, кога излегува, каде работи и наводно ја сликал со телефон. Ни ги покажуваше сликите на телефон. Изгледаше на 40-годишна жена, не личеше на дете, рече Манев во Кривичен.

Појасни дека третиот обид за киднапирање бил утрото на 27 ноември.

-Палчо со уште една особа го пренесоа возилото на Панче од Маџари во Радишани. Не однесе таму и не остави со ,,реното кангу”.Бевме јас, Боре и Кешишев. Се качивме во возилото и тргнавме пред зградата за грабнување. Палчо возеше пред нас, а комунициравме на мотороли. Палевски ни го објасни системот и начинот како се отвара вратата и ни го објасни енетриерот на внатрешноста. Рече од внатре може полесно да се земе жената. Јас и Боре влеговме во зградата. Беше темно, немаше сијалица. Светлина доаѓаше од влезната врата. Чекавме. Одвреме навреме Палчо преку моторола ни кажуваше колку е часот и дека кога ќе дојде 7.20 часот за да излезе жената. Во 7.20 часот Боре чекаше со селојтеп лента. Кога се симнуваше особата, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме кон скалите, кон потемното. Излезе од лифтот, спуштајќи се по скалите надолу. Според сликите кои ни ги даваше Палчо, особата беше идентична, колку што можевме да видиме во темното. Ја врзавме, ја ставивме во вреќа за спиење. Кешишев ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да можеме да ја ставиме, рече тој.

Сведочењето го вознемири таткото на Вања кој почна да плаче, па  судењето се прекина за кратко.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

12.03.2025 - 11:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега