Најавена нова турска инвестиција во Македонија - отворање на 600 нови работни места
Градоначалникот на Општина Росоман, Стојанче Лазов денеска најави дека во општината ќе пристигне турска инвестиција која ќе овозможи вработување на 600 работници.
- Бизнисмен од Турција е сериозно заинтересиран да инвестира во најголемиот регион за производство на праски во Македонија. Пред се, покажа интерес за купување и рестартирање на огромниот производствен капацитет за преработка на зеленчук и овошје кој не работи со години, а е на излезот од Росоман кон Кавадарци. Овде би се вработиле околу 600 работници, изјави Лазов.
Во меѓувреме, додаде Лазов, наш инвеститор веќе гради капацитет во росоманското село Паликура каде би нашле работа околу 60 работници.
Градоначалникот Лазов додаде дека во тек се преговорите за поволностите што општина Росоман може да му ги овозможи на инвеститорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа