Хаос во Атина: Маскирани лица нападнаа полицајци, тие одговорија со шок бомби и солзавец

 

Инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката недреќа, јави дописничката на МИА од Атина.

Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, разни предмети, полицајците одговорија со шок бомби и солзавец, а инцидентите се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици.

Дополнително, маскирани лица запалија и канти за отпадоци.

Претходно, како што објави МИА, на почетокот на протестот со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи.

Денешниот протест на плоштадот Синтагма беше во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.

Целта на демонстрантите беше уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.

05.03.2025 - 21:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега