Германска пошта отпушта 8.000 работници

 


Неочекуван пресврт следеше само два дена по потпишувањето на нов колективен договор.

Имено германската пошта (Дојче пошта) најави отпуштање на 8.000 работници.

Германската пошта имаше 187.000 работници на почетокот на годината, што значи дека четири отсто од вкупната работна сила на компанијата ќе бидат отпуштени. Раководството уверува дека отпуштањата ќе се одвиваат на општествено прифатлив начин, со цел поштата да биде поефикасна.


Извршниот директор на Дојче пост, Тобијас Мајер, истакна дека проблемот е што со години се намалуваат пратките на писма, како и тоа што глобалната логистичка компанија ДХЛ има намера да го прекине партнерството со нив. Имено, дури и DHL, која има 600.000 работници ширум светот, има програма за штедење која подразбира промени во бизнисот.

 

Мејер истакна дека спроведувањето на новиот колективен договор ќе ги чини 360 милиони евра до крајот на следната година. Тој тврди дека поскапувањето на поштарината, што се случи на почетокот на годинава, нема да биде доволно за решавање на финансиските проблеми. Поштенските услуги во Германија се исто така погодени од геополитичките и геоекономските околности, пишува tagesschau.

06.03.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега