Кампања за подигнување на свеста за ракот на дојка

 

Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, во пресрет на 8 март - Меѓународниот ден на жената, почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка - „Дијагноза, третман, естетика“.

Кампањата почнува денеска во Прилеп, а предвидено е да продолжи во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци.

По иницијатива на ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија и во соработка со ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија и Универзитетскиот институт за радиологија, „Хема-онко“ организира едукативни трибини, каде доктори - специјалисти ќе имаат стручни презентации на темата.

Претставник од здружението ќе сподели лично искуство со дијагнозата рак на дојка, лекување и реконструкција на дојка. 

03.03.2025 - 08:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега