Клуч на врата за 70 фирми - не ги почитувале препораките за загадувањето

 

 Инспекторите на Државниот инспекторат за труд им изрекле мерка забрана за вршење дејност на над 70 субјекти што работат во надворешни услови, а кои не ги почитувале препораките поради загадувањето работниот процес да го организираат во периодот од 11 до 17 часот, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

ТОј истакна дека во изминатите денови се извршени над 240 инспекциски надзори кај градежните компании, но и кај останатите фирми кои работат во надворешни услови. Дури 30 % од фирмите не ги почитувале препораките.

- Државниот инспекторат за труд и во наредниот период, согласно препораките за проблемот со кој се соочуваме, ќе продолжи да постапува по секоја преставка од страна на граѓаните, но и преку редовни и вонредни инспекциски надзори, нагласи Спасов.

28.12.2013 - 16:06
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега