Се бара продолжување на притворот за битолскиот хирург - обвинителството предупредува на опасност од бегство

 


Се бараат уште 30 дена притвор за битолскиот хирург кој е осомничен за примање на поткуп од пациентка, потврдуваат за „Независен“ од ОЈО Битола. 

Првично судот му определи 8 дена притвор откако на на 28 јануари беше пријавен во полиција од семејство од битолско, дека за операција на жолчно ќесе врз пациентка побарал 150 евра за извршената хируршка интервенција за наводно да се „почести“.


Хирургот е сместен во притворското одделение на битолскиот затвор „Црн Мост“.  

Од ОЈО Битола потврдуваат дека предлог за продолжување на мерката притвор е поради опасност од бегство. И првично кога хирургот доби 8 дена притвор, обвинителството предупреди на истите околности – опасност од бегство. 

12.02.2025 - 11:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега