Без струја неколку населби во Скопје
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Аеродром.
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека од 10 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Преспанска“ во населбата Маџармаало во општина Центар, а од 08 до 15:30 часот, дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски број 2, 6, 3 и 4 во општина Аеродром.
Од 06:30 до 19 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата 1627, во околина на црквата „Св. Петар и Павле“, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа