Сестрата на Фросина: Адвокатот на Васил сака да одржи прес-конференција да прикаже како вришти
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2025/02/06/frosina.jpg?itok=VX1dY1N1)
АПЕЛ ДО СИТЕ МЕДИУМИ, ИНСТИТУЦИИ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ
Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски на утрешната пресконференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми, напиша на социјалните мрежи сестрата на 22-годишната Фросина која беше прегазена на Партизанска.
Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…, напиша сестрата на Фросина на социјалните мрежи.
06.02.2025 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа