Прогласена вонредна состојба на Санторини
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Санторини по силниот земјотрес што го погоди.
Со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, тоа е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните недели, а се случил на длабочина од 5 километри, по низа сеизмички активности.
Илјадници луѓе го напуштија Санторини и соседните острови во Егејското Море поради страв дека допрва следува уште еден, многу посилен земјотрес, кој може да доведе до цунами или дури и вулканска ерупција.
Грчките власти претходно денеска најавија драстични мерки кои ќе важат до 1 март. Десетици туристи и жители го напуштија островот со траект, додека неколку други побрзаа да се качат во авион пред да го погоди островот уште еден земјотрес.
Брод на крајбрежната стража и воен десантен брод се распоредени во случај да биде потребна евакуација, потврди министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас на вонредниот состанок со безбедносните службеници, научниците и премиерот во Атина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа