„Молете се за мојот Иван“: 16 годишно момче е во кома и се бори за живот
Еден од најдобрите хрватски џудисти, член на клубот Пујанке од Сплит, Иван Безиќ се бори за живот, објавуваат хрватските медиуми.
Безиќ, кој има само 16 години, е вицешампион на Хрватска.
„Молете се за мојот Иван и нека ја почувствува вашата поддршка. Тој е во кома и води тешка битка за својот живот. Вирусот на грип го зафатил и неговиот срцев мускул“ – објави неговиот татко.
Младиот Безиќ, само пред десет дена, на 27 јануари во Загреб стана вицешампион на Хрватска во категоријата до 60 килограми. Иван Безиќ, иако и понатаму кадет по минатогодишната бронза, со две победи и пораз во финалето го освои сребрениот медал во сениорската возрасна група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа