Експлозија во станбена зграда во Москва - има жртви
Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија што се случи денеска во фоајето на станбениот комплекс „Пурпурни едра“ во северозападна Москва, јави ТАСС.
„Имаше експлозија во холот на првиот кат на станбениот комплекс. Оштетени се стаклен прозорец и таван. Немаше пожар“, изјави извор за руската новинска агенција.
Според информациите од оперативните служби не се очекуваат нови штети.
„Прелиминарните резултати од градежниот увид покажуваат дека конструкцијата на зградата не е оштетена. Нема да има уривање“, изјави извор од оперативните служби.
Новинската агенција Интерфакс објави дека најверојатно експлодирала граната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа