Паѓа цената на нафтата

 


Минатата недела по втор пат по ред цените на нафтата паднаа, бидејќи се очекува ОПЕК и САД да го зголемат производството, иако поради бавниот раст на најголемите светски економии не се очекува значително зголемување на побарувачката.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за повеќе од 3 отсто, на 75,78 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 2,9 отсто, на 72,53 долари.

Трговците остануваат под впечаток на неодамнешните пораки на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата цел е да го зголеми домашното производство и дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) треба да ја намали цената на нафтата.

03.02.2025 - 09:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега