Време: Зимата попушта - студ веќе нема да има

 

Нешто пониски утрински температури може да се очекуваат до крајот на неделата но од враќање на студот, барем како што стега стојат работите нема да има ништо.
Во текот на цела наредна недела ќе имаме променливо облачно време, со по некоја капка дожд. Температурите во текот на денот ќе надминуваат 10 степени, додека утринските ќе бидат неколку степени под нулата.
Утре ќе имаме речи си ист ден како денешниот. Облачно време со услови за слаби врнежи. Дневните температури ќе одат до 10 степени, а минималните ќе се спуштат околу минус 3.
Во среда исто така облачно време со температури од минус 3 наутро до максимални 10.
Во текот на наредната недела не очекува слично, „сиво“ време и температури кои ќе бидат стабилни и двоцифрени во текот на денот.

03.02.2025 - 11:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега