Најдени црните кутии - Ќе дадат ли одговор за сударот на авионот и хеликоптерот над Вашингтон
Пронајдени се црните кутии од авионот на „Американ ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек хок“, па се урна во река додека се подготвувал да слета.
Пронајдени се диктафонот од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот од патничкиот авион „Бомбардер“ ЦРЈ700, објави Националниот одбор за безбедност на транспортот.
Првите извештаи за несреќата се очекуваат по вештачењето, за околу 30 дена.
Се работи за авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници.
Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела.
Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа