СДСМ: Власта остави 988 вработени во инспекторатите без плата токму за празниците
Власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати, велат од СДСМ.
„988 вработени во инспекторатите ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски.
Речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок.
Власта на ДПМНЕ и на Мицкоски е неспособна и воопшто не им е грижа за работниците, тие се грижат само за елитата и своите бизнис партнери“, стои во сооптението на СДСМ.
16.01.2025 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа