Познатиот пејач си ја отвори душата: Имам шест деца од шест различни жени
Пејачот Џовани Бајрамовиќ има шест деца со шест различни жени и со шест различни имиња, а на наследниците им дал необични имиња.
Џовани во една прилика ги откри имињата на децата како гостин во емисијата „Амиџи шоу“ и ги насмеа сите во студиото.
– Така е, шест деца со шест различни жени. Нивните имиња се Мерцедес, Порше, Ламбо, Леонардо и Франко и ќерката Анџела – изјави тој.
На прашањето дали се шегува или тоа е вистина, Џовани потврди и продолжи да зборува за неговата наследничка Анџела, која, како што вели, е високообразована музичарка.
Џовани вели дека неговата база сега е во Србија, иако го пропатувал целиот свет.
– Нон-стоп пеам во странство, но мојата база е тука во Србија. Имам бенд и некој оди со мене, некој останува и ние се менуваме. Никој никогаш не пее сам. Само многу се коцкав, инвестирав и изгубив многу. Најголем впечаток ми оставија ромските хитови. Ромите ме познаваат, но не и белите. Најмногу пари се земаат на моите забави затоа што народот штеди само за тој ден да потроши најмногу, колку што може домаќинот – рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа