ДУИ: Уште една институција го укина албанскиот јазик од сложбена употреба

 
„Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба!  Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици.  Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење на јазичната еднаквост. Ова не е прв, а за жал, нема да биде ни последен случај“, велат утрово од ДУИ преку писмено соопштение испратено до медиумите. 
 
„Станува збор за систематски обид за деградирање на политичко-правниот статус на Албанците, постигнат со Охридскиот договор. Тие што молчат пред оваа неправда се подеднакво виновни како и тие што ја спроведуваат оваа дискриминаторска политика. Ние нема да молчиме! 
 
Албанците ќе реагираат жестоко за еднаквост, правда и заштита на институционалното достоинство! 
 
Вреди се претворија во инструмент за газење на вредностите на еднаквоста и правдата. 
 
Народот и историјата ќе им го дадат заслужениот суд. 
 
Овој режим има објавено отворен напад против статусот на Албанците и се обидува со сите сили да направи ревизија на Охридскиот договор. 
 
Никаков обид да не направат граѓани од втор ред нема да помине! Еднаквоста не е предмет на преговарање – тоа е неотуѓиво право што ќе се заштити!“, велат од ДУИ.
12.01.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега