Саманта од „Сексот и градот“ дава совети како до совршен секс
Саманта од серијата „Сексот и градот“ стана виситнски секс симбол, не само за мажити туку и за жените, бидејќи започна женската перцепција на сексот. Еве неколу совети од Саманта.
Сексот е многу важен
Сексот е многу важна работа. Како што се важни љубовта и почитувањето, сексот е од исклучителна важност. Тогаш зошто сте во врска во која мора да се лажете себе и партнерот дека сексот ви е добар.Ако на вашиот партнер му пружате сексуално задоволство, имате право да го очекувате истото. Или како што вели Саманта, води една лошо љубов со мене, срам те било, води двапати лошо љубов со мене, срам ме било.
Барајте го своето задоволство
За сексот е потребно барем и двајцата да бидат задоволни. Важно е да постигнете оргазам, како што е важно во тоа да успее и вашиот партнер. Тоа е нешто за што вашето тело копнее секогаш кога имате секс, затоа немојте да кажете дека оргазмот не е важен. Или како што вели Саманта, кога ќе одговорам на повикот за журка, ќе се потрудам да си поминам убаво до крај.
Со вежба до перфекција
Ако мислите дека сте ги усовршиле сите апсекти на сексот, размислете повторно. Сексот не е тежок, но бара доста вежбање. Пробајте нова работа, информирајте се еден со друг и најважна работа, вежбајте.
Уживајте во својата сексуалност
Ако се срамите или плашите од својата сексуалност и ако премногу се грижите што другите мислат или кажуваат никогаш нема во потполност да уживате во сексот.Саманта на Кери во една прилика и кажа „Не сакам да бидам осудена од страна на општеството.Ќе се облекувам како што сакам и ќе имам орален секс со кој сакам се додека можам да дишам и да клечам.“
Таквите како Саманта не се откажуваат од сексот само затоа што некој друг мисли така. Сексуалноста е лична работа и сите возрасни имаат право да прават она што сакаат, се додека тоа им годи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа