Кремљ: Милијардата долари од САД за Киев се кражба на руски имот

 

Кремљ денеска соопшти дека милијардата долари, кои наводно Вашингтон и ги испратил на Украина преку Светска банка, а кои биле покриени со профит од замрзнат руски имот, претставуваат еден вид кражба.

„Овие пари ни се украдени. И тие резерви што се блокирани, тие се исто така блокирани апсолутно незаконски. Тоа е спротивно на сите норми и правила“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој предупреди дека таквите акции на САД може да доведат до правни дејствија од страна на Русија, која, како што рече, „ќе ја искористи секоја можност да ги заштити своите права и имотните права“.

25.12.2024 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега