Екс премиерот Ковачевски вклучен во истрагата за Државна Лотарија
Во истрагата за сомнежите за криминал во Лотарија на Македонија вклучен е и екс премиерот Димитар Ковачевски, јавува Курир, повикувајќи се на свои извори од истрагата. Официјална потврда на оваа информација до овој момент Press24 не може да обезбеди.
Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според досега достапните неофицијални информации претреси се извршени во домот на екс вицепремиерот Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија на Македонија Перпарим Бајрами.
16.12.2024 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа