ДУИ удри по власта: Проектот во Кичево е на минатата влада, реализирајте барем еден ваш

 
„ДУИ го поздравува започнувањето на работите на белгиската компанија во Кичево, која положи камен-темелник во април 2024 година, додека договорот за инвестицијата беше потпишан во мај 2023 година од страна на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. Оваа инвестиција е продолжение на напорите на претходната влада за привлекување инвеститори и промовирање на економски развој во регионот и отворање нови работни места“, велат од ДУИ.
„Но, жално е што актуелната Влада, без легитимитет, ја манипулира и фалсификува вистината за странските инвестиции. Владата на премиерот Мицкоски ги презентира како свои успехи инвестициите што беа подготвени, потпишани и договорени од претходната влада на ДУИ.
 
Презентирањето на овие инвестиции како достигнувања на актуелната влада е лага која ги навредува граѓаните и покажува дека оваа влада е подготвена да манипулира за да ги покрие неуспесите и неспособноста.

 

Актуелната влада не успеа во овие 6 месеци да промовира ниту една визија, идеја или проект за развој на земјата, туку беше фокусирана само на манипулирање со поделбите, конфликтите и поларизацијата за политички придобивки на краток рок. Користењето на политиката како инструмент за прикривање на неуспесите, ја оштетува иднината на земјата и го прави општеството уште повеќе поделено“, реагираат од ДУИ.
14.12.2024 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега