Ужас на автопат во Тексас: Авион се урна врз три автомобили
Мал двомоторен авион „Пајпер ПА-31“ се урна на автопатот во Викторија во американската сојузна држава Тексас, јавуваат американските медиуми.
Несреќата се случила околу 15 часот по локално време. Авионот во кој бил само пилотот, при падот удрил во три автомобили, при што едно возило се превртело. При падот се скршил на половина, оставајќи остатоци расфрлани на патот. Дел од остатоците од авионот се пронајдени на врвот на еден од оштетените автомобили.
Локалните медиуми јавуваат дека четири лица се пренесени во болница, каде три од жртвите се со повреди кои не се опасни по живот, додека едно лице е тешко повредено.
Сепак, не беше прецизирано дали пилотот е меѓу пренесените во болница.
„Ова не е нешто што го гледаме секој ден, но ни е мило што луѓето се добро и нема жртви“, рече заменик-началникот на полицијата во Викторија, Елин Моја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа